Американскиот потпретседател ЏД Венс е под истрага, осомничен дека фаворизирал политички донатор при доделување договор за венецуелска нафта!
Комитет на американскиот Сенат започна истрага за да утврди дали потпретседателот Џеј Ди Венс имал влијание врз доделувањето на профитабилен договор за трговија со нафта од Венецуела на компанијата Витол.
Според Ројтерс, сенаторката од Демократската партија, Меги Хасан, се сомнева дека Венс можеби фаворизирал важен политички донатор.
Случајот се однесува на наводна средба помеѓу Венс и трговецот Џон Адисон, во декември 2025 година. И двајцата негираа дека средбата се одржала.
Сенаторката побара поднесување на соодветните документи и комуникации до 14 декември. Витол потоа доби лиценца за трговија со венецуелска нафта.
Истрагата има за цел да разјасни дали имало несоодветно влијание врз доделувањето на договорот.



