Целта е формирање нова влада во Израел, Ејзенкот го повикува Ликуд на интензивни преговори: Нетанјаху не е премиер!
Лидерот на израелската опозициска партија Јеш Атид, Гади Ајзенкот, го повика преговарачкиот тим на неговата партија да започне интензивни разговори со партијата Ликуд, со цел да се постигне договор за формирање нова влада.
Според соопштението на партијата, првата средба меѓу партиите била планирана да се одржи денеска, во рамките на напорите за истражување на сите политички можности и формирање широка владејачка коалиција.
Јеш Атид истакна дека е подготвена да преземе храбри политички чекори за да постигне компромис што ќе го отвори патот за формирање нова влада. Сепак, главната пречка во преговорите останува функцијата премиер.
Ајзенкот јасно стави до знаење дека не е подготвен да учествува во влада предводена од Бенјамин Нетанјаху. Од друга страна, израелските медиуми објавуваат дека Ликуд бара Нетанјаху да остане премиер во текот на целиот мандат на владата, без договор за ротација на функцијата.
Во меѓувреме, Нафтали Бенет, лидерот на партијата Маан во рамките на блокот „Промена“, ги демантираше гласините за зближување со Нетанјаху. Тој изјави дека го поддржува формирањето влада предводена од Ајзенкот и дека останува цврсто против враќањето на Нетанјаху на чело на извршната власт.
Бенет истакна дека неговата цел останува да спречи назначување на Бенјамин Нетанјаху за следен премиер на Израел, отфрлајќи ги извештаите за постигнат договор меѓу нив по неодамнешната средба.
Од друга страна, Заедничката листа изјави дека не е загрижена за контактите и политичките маневри меѓу различните опозициски сили, тврдејќи дека блокот „Промена“ нема други алтернативи освен да обезбеди поддршка од арапските партии за да го гарантира потребното парламентарно мнозинство и формирање нова влада.
Се очекува преговорите да продолжат во наредните денови, додека израелската политичка сцена останува поделена околу прашањето за тоа кој ќе ја води следната влада и каква улога ќе има во неа Бенјамин Нетанјаху.
/rtsh.al/



