Пожар во болница во Берлин, 15 лица се повредени! Евакуирани се персоналот и пациентите.
Петнаесет лица се повредени откако вдишале чад при пожар што избувна во болница во Берлин во неделата навечер, меѓу кои и едно лице кое се смета за во критична состојба, соопшти противпожарната служба на германскиот главен град.
Друго лице е во тешка состојба, а 13 други се здобија со полесни повреди.
Пожарот избувна во собата на еден пациент на првиот кат од болничката зграда, во источниот дел на Лихтенберг.
Пожарникарите успеаја брзо да го изгаснат пожарот, но чадот навлезе во други делови од зградата, принудувајќи ги оние кои беа внатре брзо да се евакуираат.
Двајцата тешко повредени беа префрлени во други болници, под надзор на специјалисти за интензивна нега.
Откако пожарникарите го изгаснаа пожарот и се погрижија зградата да биде проветрена, тие го предадоа местото на полицијата, која води истрага за да ги утврди причините, се вели во соопштението.



