Даут Харадинај за Јакуп Красниќи: Не знам што да кажам за тебе, освен дека дел од животот го поминав со тебе.
Даут Харадинај имаше неколку зборови по повод посетата на Јакуп Красниќи на неговото семејство во Косово, која траеше неколку дена.
На својот профил на „Фејсбук“, Харадинај напиша дека „белата брада и брчките покажуваат колку долг и тежок пат имала нашата нација“.
Потоа додаде: „Не знам што да кажам за тебе, освен дека дел од животот го поминав со тебе, чичко Јакуп“.
На крајот, Харадинај го нарече Красниќи „мудар човек и идеолог на нашата државност“.
Харадинај својот пост го придружуваше со фотографија од Јакуп Красниќи, кој беше забележан во близина на припадник на безбедносните сили, вооружен со долго оружје и со шлем на глава.



