недела, 22 ноември 2026
Последни вести
Свет

Тројца Палестинци загинаа во напад врз возило кое превезувало хуманитарна помош во Газа

Од MacedoniaPress

Тројца Палестинци беа убиени во саботата во израелски напад врз возило во градот Газа, кое превезувало храна и документи за хуманитарната организација „World Central Kitchen“.

Веста ја соопшти Министерството за здравство во Газа и очевидци.

Според сведок на Ројтерс, возилото превезувало пакувани прехранбени производи, а документите во него го носеле логото на организацијата „World Central Kitchen“, која дели храна на жителите на Газа.

Друг сведок, Абу Зеин Ал-Даја, рече дека возилото се подготвувало да запре за да им подели храна и пијалаци на децата, кога било погодено од ракета.

„Возилото само што требаше да запре за да им подели храна и пијалаци на децата, кога беше погодено од ракета“, рече тој.

По нападот, околу возилото била расфрлена и подготвената храна, вклучувајќи и чинии со зготвен ориз. Возилото беше делумно покриено со крвта на жртвите.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека во тој регион нападнала неколку лица кои ги опишала како милитантни оперативци, без да даде други детали.

Армијата не одговори веднаш на прашањата за причината за нападот врз возилото кое, според сведоците, превезувало хуманитарна помош.

Организацијата „World Central Kitchen“ исто така не даде веднаш коментар за случајот.

Сподели: Facebook X WhatsApp

Слични вести