Двегодишно дете почина во Урошевац, полицијата започна истрага
Двегодишно дете почина во понеделникот во Урошевац, откако било донесено во тешка здравствена состојба во Ургентниот центар.
Според 24-часовниот извештај на Косовската полиција, случајот е пријавен на 23 ноември, околу 18:20 часот, на улицата „Рамадан Реџепи“.
Детето било однесено на Ургентен центар од страна на членовите на семејството, но потоа починало.
На лице место излегнале надлежните полициски единици, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е испратено во Институтот за судска медицина (ИСМ) на обдукција.
Случајот е отворен како „Истрага за смртта“.



