недела, 22 ноември 2026
Последни вести
Свет

Танкер со нафта погоден од ракета во близина на Ормуз

Од MacedoniaPress

Танкер за нафта беше погоден од неидентифилиран проектил додека излегуваше од Ормутскиот теснец, предизвикувајќи пожар на бродот.

Веста ја соопшти УКМТО, британската служба за информации за поморска безбедност, дел од Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Според соопштението, инцидентот се случил на околу 8 наутички милји од пристаништето Хасабит, во оманската енклава северно од Обединетите Арапски Емирати. Досега нема пријавени жртви или загадување на животната средина.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда даде друга верзија на настанот.

Според иранските државни медиуми, танкер со нафта се запалил откако налета на морска мина додека се обидувал да помине во близина на пристаништето Хасабит.

Сподели: Facebook X WhatsApp

Слични вести